Студентските домови отвораат, објавен распоред за вселување
Државниот студентски дом „Скопје“ објави распоред за вселување во домовите „Стив Наумов“ (зграда и бараки), „Кузман Јосифовски-Питу“ и „Гоце Делчев“. Тие отвораат денеска согласно со одлуката на Владата и по препорака на Комисијата за заразни болести да примаат со преполовен капацитет и со строго почитување на протоколите за заштита од КОВИД-19.
Согласно со протоколите, капацитетот во студентските домови во Скопје е 2080 места, а досега вкупно се примени 1614 студенти. Во соба со две легла ќе се сместува еден студент, а во соба со повеќе од две легла ќе се сместуваат најмногу двајца студенти. На самите влезови на студентските домови ќе има бесконтактни диспанзери за дезинфекција. Ќе биде забрането користење на заедничките простории, а во мензите масите ќе бидат оддалечени два метра и на секоја ќе може да бидат максимум по двајца студенти.
Министерката за образование и наука Мила Царовска завчера соопшти дека има и дополнителни слободни места за сместување на студентите доколку во следниот период некои факултети го променат начинот на изведување на наставата.
До 10 октомври трае и пријавувањето на интернет платформата www.digitalizirajse.mon.gov.
Ново на Сител
-
Три лица загинаа, петмина повредени во сообраќајката кај Катланово
-
Именуван e нов директор на АНБ
-
Сообраќајка на автопатот Скопје-Велес, блокирани двете сообраќајни ленти
-
Лишени од слобода 15 царински службеници и полициски службеник
-
Палевски ангажира втор бранител на судењето за убиството на Вања и Панче
-
Одбраната на дел од обвинетите за убиството на Вања и Панче смета дека не е јасно работењето на полицијата, судењето продолжува на 18 октомври
-
Во БИХ пронајдено телото на последната жртва по која се трагаше по поплавите
-
Претрес во Кичево, приведен лихвар