Минатата седмица 190 новозаразени во Охрид, 89 во Струга, 39 во Дебар
Седмичните податоци што ги објавува Центарот за јавно здравје од Охрид, а се однесува на населението што живее на подрачјето на општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа покажуваат дека во периодот од 31 октомври до 6 ноември лабораториски е дијагностицирано присуство на Ковид-19 кај вкупно 318 лица и тоа кај 190 лица од Општина Охрид, кај 89 лица од Општина Струга и кај 39 лица од Општина Дебар.
Во односниот период за тестирање се земени вкупно 275 примероци, од кои 132 се земени по епидемиолошки индикации (лица кои исполнуваат критериуми за дефиниција на случај), а 143 материјали зе земени при тестирањето со упат од матичен лекар.
Според податоците во Охрид моментално има 357, во Струга 161, а во Дебар 63 активни случаи на заболени со коронавирус. Изминатата седмица оздравени се 21 лице од Охрид, десет лица од Струга и две лица од Дебар. Во истиот период се починати девет лица од Охрид и едно лице од Струга.
Од почетокот на епидемијата досега лабораториски е дијагностицирано присуство на Ковид-19 кај вкупно 2178 лица во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, од кои кај 892 лица во Охрид и Дебрца, 911 лица во Струга и Вевчани и 375 лица во општините Дебар и Центар Жупа. Оздравени се 491 пациент од Охрид, 672 од Струга, како и 283 пациенти од Дебар и Центар Жупа.
Црниот биланс досега се 32 починати лица од Охрид и Дебарца, 76 од Општина Струга и 18 од Дебар и Центар Жупа.
Од Центарот за јавно здравје во Охрид предупредуваат дека во овој период коронавирусот е широко распространет во локална трансмисија и со засилена активност, со апел за одговорно однесување и придржување кон мерките и препораките за заштита од Ковид-19.
„Во овој момент единствен начин да се спречи инфекцијата и ширењето на вирусот е строго придржување и примена на превентивните мерки за заштита од Ковид-19 и тоа правилна употреба на заштитните маски, одржување социјална и физичка дистанца, избегнување јавни собири и групирања, како и често миење раце“, посочуваат од Центарот за јавно здравје – Охрид.
Ново на Сител
-
Мицкоски поголем оптимист за македонската евроинтеграција по самитот на Берлинскиот процес
-
Мицкоски: Постои една Академија на науките и уметностите, етнички и национали теми не се мој приоритет
-
Сите биле присутни, а пукал Палевски: Маневски посочил каде е закопано телото на Панче
-
„Тука е девојчето кое го барате“ - Кешишев под притисок признал каде е телото на Вања
-
Кражба во викендица во Маврово - приведен 54-годишник од Гостивар
-
До крајот на годинава ќе нема дополнителен час евтина дневна тарифа, не се очекуваат драстични промени на цената на струјата
-
ИПИС: ВМРО-ДПМНЕ 27,2% - СДСМ 9,6%
-
Кривична пријава против скопјанец осомничен за сторени две кривични дела