Студентски марш пред Влада, се бара зголемување на студентскиот оброк од 120 на 160 денари
– Студентскиот отпор за правда на студентите денеска, во 17:30 часот пред Влада, организира студентски марш, по повод 17 Ноември – Меѓународниот ден на студентите, и воедно бара зголемување на субвенционираниот студентски оброк од 120 на 160 денари дневно.
Тие ги повикуваат членовите на собраниската Комисија за финансирање и буџет, на денешната седница да ги прифатат амандманите кои се однесуваат за зголемување на износот на оброкот и продолжување на рокот, а не како што се предлага тој да биде до март-2023 година.
– Повторно ги повикуваме пратениците независно од која политичка партија се да ги прифатат амандманите на денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет, кои се однесуваат на зголемување на износот на субвенционираниот студентски оброк на 160 денари и продолжување на рокот за субвенциониран студентски оброк, а не како што се предлага истиот да биде до март-2023 година. Доста е од тоа 30 години политичките елити да мислат само на себе и да се хранат со октоподи, бифтеци и друго, а да нема пари за македонскиот студент, велат од Студентскиот отпор за правда на студентите.
Потенцираат дека не смее да се дозволи да се штеди на младите луѓе.
– Потребно е и итно решавање на другите наши проблеми како што е: износот на стипендиите, мерките за штедење на електрична енергија и условите во студентските домови. Доста е од приказни за работни групи, планови, одбори и слично, кога студентите гладуваат и смрзнуваат, велат студентите.
Тие нагласуваат дека студентскиот стандард мора да се подобри.
Ново на Сител
-
Стојановски ќе се бори за златен медал на ЕП во Таеквондо за кадети
-
Барале пари за да дадат информации - Нови детали за изчезнувањето на Лидија
-
Родри ја освои Златната топка со 41 глас повеќе од Винисиус
-
Мицкоски: Се обидуваме „Рош“ да се вратат и граѓаните да добијат врвна здравствена услуга по конкурентни цени
-
Според тестирањата во прилепските градинки, секое второ дете има проблеми со говорот
-
Мицкоски: Дефинирани се цените и производите опфатени со новогодишната кошничка
-
Од утре температурите пониски за пет до седум степени
-
ПСЖ би можел да го ангажира Куртоа за да му се одмазди на Реал за Мбапе