Живот
14. November 2017 - 19:20

ЕМОТИВНО: Моќна порака од мајка на дете со Даунов синдром до родителите кои ги носат децата болни во училиште

Мајка на девојче со Даунов синдром со лутина им се обрати на родителите кои ги носат своите деца болни на училиште без барем малку да се загрижат дали и другите деца ќе ја префатат настинката.

Марија Џордан објави трогателна фотографија на која нејзината ќеркичка лежи во болница, за да покаже што може да им се случи на децата со вакво нарушување од еден „обичен“ грип.

„Солзи и гнев извираа од мене денес во училиште. Ја зедов Џордан Грејс дома. Кога мојата ќерка ќе добие обична настинка, таа може да заврши вака! Не можам да разберам зошто луѓето би ги ставиле другите во ризик „бидејќи имаат толку многу работи за правење“ (училиштето не е бебиситерски клуб). Не само што другите се ставени во ризик, туку и вашето сопствено дете има потреба вие да го негувате, да го сакате, да се грижите за него за тоа да оздрави.“

„Кога Џордан Грејс е болна, јас мислам прво за неа и колку мизерно ќе ѝ биде во школо. Дека ѝ треба мајка ѝ да биде покрај неа и да се грижи за неа. Но, јас исто така мислам и на другите, не сакам моето дете да заразува другите деца, особено оние кои можат да завршат во болница, поради тоа што нивните мали тела не можат сами да се изборат со болеста.

„Ако се грижиме повеќе за светот околу нас, а не само за нас, тогаш овој свет би бил многу подобро место за живеење“ – стои во постот на револтираната мајката.