Македонија
29. May 2024 - 12:25

Студентите од Штип во Кариерен центар на УГД

Отворен или кариерен ден е нов начин на поврзување на студентите и реалниот сектор и можност да се запознаат со условите и очекувањата од идните вработувања по завршувањето на студирањето. Бизнис секторот во последните години е се по присутен и директно соработува со факултетите и УГД, овозможува платена практична настава и воспоставување на тесна соработка со компаниите.

- Сигурен сум дека тоа е голем бенефит за стидентите, бидејќи тие веднаш по запишувањето на факултет можат да си ја изберат идната кариера, но и за компаниите, бидејќи тие можат да изберат тоа што е најдобро за нив и нивните бизниси- изјави Дејан Мираковски, ректор на УГД – Штип

Анализите на Стопанската комора базирани на барањата на стопанствениците говорат дека повеќе од 50 % од работната сила потребна за македонското стопанство треба да биде високо образована. Тоа значи примена на дуалниот концепт и во високо образовните инситуции.

- Одиме во период кога ќе има голема промена во делот на едуцираноста на работната сила. Без удуцирана работна сила ние нема да бидеме конкурентни на светските пазари. Дополнително на тоа, промената на технологијата со воведувањето на вештачката интелигенција бара навистина школувани млади луѓе и се надевам дека овој тренд ќе продолжи и понатаму, не само како кариерен ден, туку како одредена агенција во рамките на Универзитетот која ќе се грижи за тоа, да ги промовира студентите пред компаниите и нив и нивните барања да ги презентира пред студентите-изјави Антони Пешев, извршен директор на Стопанска комора

Според Пешев, на тој начин на македонскиот пазар на труд коректно ќе се вреднува работната рака, а и ќе се запре бранот иселување на младите надвор од Македонија. Македонската информатичката индустрија без никакви државни субвенции бележи исклучително голем раст и достигна промет од 1,3 милијарди евра, а ја сочинуваат 3000 компании, во кои се вработени претежно млади луѓе.