Студентите на Меѓународниот Балкански Универзитет од понеделник со 100% онлајн настава

Од понеделник, 23 март, Меѓународниот Балкански Универзитет (МБУ) ќе го продолжи образовниот процес со тоа што наставата ќе се одвива целосно онлајн – преку видео предавања, споделување електронски материјали и интеракција помеѓу професорите и студентите. За оваа цел е креирана онлајн платформа која е интегрирана со „Хело“ онлајн системот за е-учење, кој е продукт на самиот Универзитет, со што е олеснет пристапот и на професорите и на студентите кон е-наставата.
„Меѓународниот Балкански Универзитет со големо внимание ја следи новонастаната ситуацијата со пандемијата предизвикана од КОВИД-19 и во целост ги имплементира мерките преземени од државните институции. Како одговорна и сериозна високообразовна институција, МБУ е целосно посветена кон образовниот процес и во таа насока, користејќи ги технологиите и можностите од модерното време, и во текот на оваа недела беше формиран Online Learning Hub преку кој се моделираше платформа со која на студентите им се овозможува целосна онлајн настава“, вели Висар Рамадани, генерален секретар на МБУ.
МБУ смета дека ваквиот неконвенционален, но модерен начин на настава ќе придонесе студентите да стекнат задоволително ниво на знаења и вештини кои се дел од наставната програма за летниот семестар од тековната академска година, што ќе овозможи и нивно успешно завршување на семестарот и при вакви вонредни околности.
Ново на Сител
-

Густ чад го покри Скопје
-

Артан Груби седна на обвинителната клупа, судењето одложено за 7 септември
-

За болни од западно-нилска треска ќе треба и дополнителен третман по излегувањето од Инфективна
-

Дизелот надмина 101 денар, растат цените и на бензините
-

Превозниците во понеделник ќе протестираат пред дирекцијата на ЕУ
-

Лидерот на СДСМ обвини дека ПЕТ Центарот повторно не работи
-

СДСМ постави услов за Левица
-

Македонскиот парламент одбележа 35 години од независноста на Украина
