Студено, слаб локален снег и северен ветер
Времето во текот на ноќта и утрово е умерено до значително облачно, во северозападните делови со слаб локален снег. Дува слаб, а на повеќе места и умерен ветер од северен правец.
Управата за хидрометеоролошки работи соопшти дека во 7 часот најниска температура од -9 е измерена во Маврово. Во Крушево -8, Лазарополе -7, Крива Паланка и Берово -6, четири степени под нулата се измерени во Охрид, Претор и Виница, -3 во Струмица, -2 во Штип, Прилеп, Демир Капија, -1 во Битола, Тетово и Куманово, нула степени во Скопје и Дојран и 2 степена во Гевгелија.
Најмногу снег (7 сантиметри) утрово во 7 часот има во Попова Шапка и Маврови Анови и 1 см во Лазарополе.
УХМР за денеска најави променливо облачно и студено, со провејување слаб снег, особено на северот од земјава. Ќе дува умерен до засилен, а повремено силен северен ветер со брзина и над 70 километри на час. Максималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6 степени.
Во Скопје претежно облачно со засилен северен ветер. И во делови од Скопската Котлина повремено ќе провејува слаб снег. Максималната температура ќе достигне 3 степени.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Ивановски, директор на Европската Фискална Конфедерација
-
МОН затвори уште еден приватен институт, ќе се мониторираат дипломите и магистерските
-
Цените на станбениот квадрат уриваат рекорди, колку се реални?
-
Судот во Перник: Пропустите на автопатот „Струма“ придонесоа за несреќата на „Беса Транс“
-
Бајден пред заминување ги заостри санкциите кон Западен Балкан
-
Петрушевски: Сите се дистанцираат од Груби, освен СДС
-
Панихида за Мара Бунева во недела, партијата Преродба со провокација
-
Министрите за интерпелациите: Уште еден обид на ДУИ за дестабилизација