Министрите за интерпелациите: Уште еден обид на ДУИ за дестабилизација
Министрите Тошковски, Исени, Стоилковиќ и Меџити утре пред пратениците треба да ги дадат своите аргументи за нивната работа по поднесените интерпелации од страна ДУИ. Вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Стоилковиќ кого го обвинуваат дека одработува за друга држава, за Сител вели дека ова е уште еден чекор од планираната дестабилизација на ДУИ – на етничка основа да предизвикаат проблеми во државата. Не очекува неговото работење да падне пред собранискиот тест.
На иста линија и и вицепремиерот Меџити – интерпелацијата против него е само обид за дестабилизација и да се избегне од одговорност.
И министерот за внатрешни е дециден дека интерпелацијата е обид за дефокус на јавноста кога се интензивира борбата против криминалот и корупцијата.
Овој обид за дефокус на македонските граѓани е осуден на пропаст и за жал повторно се гледа вистинското лице на дел од опозицијата. Правдата е спора но секогаш излегува на виделина, а нашата борба за праведна безбедна и просперитетна Македонија само што почна и ќе продолжи со несмален интензитет, вели Тошковски за Сител.
Интегративците кои ги иницираат интепелациите го обвинуваат Стоилковиќ за поткопувањето на интегритетот и независноста на Македонија. А интепелацијата за Меџити била да го спасат од ризикот да станел олицетворение на политиките на Стоилковиќ.
Нашата иницијатива за негово разрешување не е само противење кон него како поединец, туку неопходен чекор за заштита на Македонија од политики што го поткопуваат единството и стабилноста. Не можеме да дозволиме човек кој претставува странски агенди и кој институционално ги нарушува меѓуетничките односи и нашите меѓународни односи да продолжи да управува со толку важен сектор за нашата иднина, велат ДУИ.
Мнозинството очекува интерпелациите за министрите да не поминат во Парламентот, а ниту СДСМ нема да даде поддршка за иницијативите на ДУИ. На дневен ред е и интерпелацијата за Илире Даути која како претседател на собраниска комисија за социјална политика го блокираше законот за бранители.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар