Студено насекаде со врнежи од снег, поради ниските температури ќе има појава на голомразица и снежни наноси

Времето денеска ќе биде облачно и студено, насекаде со врнежи од снег, а на места, особено во западните делови ќе бидат обилни (локално над 40 л/м2). На планините снежната покривка значително ќе се зголеми, а снежна покривка над 20 см ќе се формира и во југозападните делови.
Поради ниските температури и засилениот северен ветер, соопштија од УХМР, ќе има појава на голомразица и снежни наноси. Максималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4 степени.
Во Скопје времето ќе биде облачно и студено со врнежи од снег, повремено пообилни. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер.
Утре ќе се задржи претежно облачно и студено време со повремени врнежи од снег со слаб до умерен интензитет, а услови за провејување на слаб снег ќе има и во вторник. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Утринските температури насекаде ќе бидат негативни, а и дневните наместа ќе се задржат под нула.
Во следните денови ќе преовладува стабилно и натаму студено време, со ниски утринските температури кои поради разведрувањето дополнително ќе опаднат и наместа ќе се спуштат под -10 степени.
Ново на Сител
-

Иницијатива за ограничување на социјалните мрежи кај малолетници во Македонија
-

Тема на денот со Весна Петрушевска
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Оваа година избори нема да има
-

Нова акција за нелегални филери и средства за слабеење
-

Фотографии, видеа и извештаи од увидите презентирани на рочиштето за ,,Пулс"
-

Мерки на претпазливост бара Обвинителството за малолетничките кои малтретираа 13 годишно девојче во Ѓорче
-

Сејф Сити во секој град до крајот на годината
