Македонија
6. May 2026 - 16:33

Сејф Сити во секој град до крајот на годината

Камери веќе се поставуваат во Велес и Охрид, а до крајот на годината системот Сејф сити ќе функционира на целата територија на државата. Овие мерки за безбедност веќе даваат позитивни резултати вели министерот Тошковски.  Статистиката на МВР од почетокот на годината покажува речиси половина помалку жртви во сообраќајот во споредба со истиот период лани.

ОД МВР предупредуваат дека секоја СМС порака за наводен прекршок која пристигнува од странски број е лажна и граѓаните не треба да ја отвораат. Фишингот се прави преку повеќецифрени броеви кои се најчесто странски и во нив е посочена лажна веб страница. Иако државата е внатрешно заштитена од ваков вид измами, системот не може целосно да се изолира од странски сајбер напади.

Граѓаните масовно пријавуваат измамнички СМС пораки за лажни казни од Сејф Сити. Измамниците бараат итна уплата од 1.500 денари преку лажна веб страница, нудејќи 50% попуст за брзо плаќање. Пораките не содржат податоци за возилото или прекршокот, целта е единствено кражба на пари и лични податоци преку платежни картички.