Македонија
23. February 2024 - 15:48

Стружанец лажно пријавил дека екс сопругата му украла пари и злато па заработи кривична

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Л.Ќ.(33) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лажно пријавување на кривично дело“.

Пријавениот, на 20.02.2023 во Струга лажно пријавил дека од стан, од кој имала клуч неговата поранешна сопруга, биле одземени пари и злато и ја посочил неа дека ги одзела, појаснуваат од МВР.