Што ќе содржи обвинителната одлука за скандалот на Онкологија?
Дали одземениот лаптом од стан во Хром ќе се најде во обвинителниот акт за скандалот Онкологија ќе се знае по соопштувањето на одлуката за истражната постапка? Во компјутерот неофицијално имало податоци за пациенти кои биле на терапија за рак на дојка, а лицето што во тој период го имал изнајмено станот не работи на клиниката повеќе од една година и за него има пресуда за друго дело.
Вакви информации дополнително ги вознемируваат и предизвикуваат страв кај тешко болни доколку некој надвор од здравствена установа чува доверливи податоци за состојба на пациенти, но и сомневања за злоупотреба со лекови.
- Предистражната постапка за предметот „Онкологија“ беше обезбеден лап топ компјутер и документи од стан, кои беа детално прегледани. Дополнително, беа извршени разговори со закупувачот на станот кој го пријави лап топот и списите, со закупецот на станот и со други лица кои би можеле да имаат некои сознанија, а беа преземени и други дејствија на проверки, велат од ЈОРМ.
Инаку после една и пол година од избивање на скандалот на Онкологија кој ја згрози јавноста, јавното обвинителство ја заврши истражната постапка и во тек се роковите превдидени со Законот за кривична постапка. Вештачењата на медицинска документација во Србија покажаа дека имало несоодветно лекување на пациенти а во документацијата на ЈОРМ е и извештајот од вештачењето во Словенија.
Кој се богател на грбот на најтешко болните и кој ќе одговара ќе се знае со обвинителната одлука.
-
Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар