Струмичката полиција најавува интензивни контроли во угостителските објекти
Секторот за внатрешни работи-Струмица во претстојниот период ќе презема интензивни мерки и активности во угостителските објекти на подрачјето поради зголемената бучава и гласната музика, раздвиженоста во угостителските објекти, пред се во кафулињата, дискотеките и ноќните барови во кои се позабележително е присуството на младите, посебно во вечерните часови, информираат од струмичката полиција.
Во соопштението до медиумите се посочува дека активностите на полицијата се ќе бидат насочени во контроли на присуство на малолетници во угостителски објекти по 24:00 часот, точење алкохолни пијалоци на малолетни лица и прегласната музика која неретко ги вознемирува граѓаните, а пред се оние што живеат во близина на угостителските објекти. Во поглед на почитувањето на работното време, во координација со државниот пазарен испекторат, ќе се преземаат координирани мерки и активности.
-За сите сопственици на угостителските објекти кај кои ќе бидат констатирани прекршоци и продолжуват да ги прават, СВР-Струмица согласно своите надлежности, во рамките на Законот за прекршоци, Законот за прекршоци против јавниот ред и мир и други законски прописи, ќе подготви соодветни поднесоци, а за правните лица ќе предложи изрекување на соодветни прекршочни санкции, се додава во соопштението на струмичката полиција.
На крајот апелираат до сопствениците на угостителските објекти и граѓаните да ги почитуваат законските правила и прописи, а доколку се констатира состојба спротивна на законот, соодветно ќе се санкционира.
Ново на Сител
-
Пожар во парк-шумата Гази Баба | ВИДЕО
-
Кремљ по одлуката на Трамп да испрати оружје за Украина: САД и Европа ја избраа војната
-
Крадец од струмичко пукал кон полицијата, па бил ранет при приведувањето
-
Јулски снег во Словенија
-
Триесет и девет еколошки организации бараат од УНЕСКО да го стави Охридскиот регион на Листата светски наследства во опасност
-
Германија ја обвини Кина дека употребила ласер врз германски авион
-
Над 6.600 учесници тргнаа кон Поточари во Маршот на мирот по повод 30 години од геноцидот во Сребреница
-
До 12:30 часот девет активни пожари, еден локализиран