Кремљ по одлуката на Трамп да испрати оружје за Украина: САД и Европа ја избраа војната

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека снабдувањето со оружје на Киев не е во согласност со обидите за промовирање мирно решение на конфликтот во Украина.
Коментирајќи ги испораките на оружје за Украина од страна на САД и Европа, Песков оцени дека Западот го поддржува продолжувањето на конфликтот, наведувајќи дека испораките на оружје за Киев најверојатно не се насочени кон мирно решение, туку кон продолжување на воените операции.
Тој додаде дека постојат контрадикторни информации за количеството на оружје што пристигнува во Украина.
-Очигледно е дека овие акции не промовираат мирно решение. Поточно, во овој случај, линијата што ја избраа Европејците е апсолутно насочена кон промовирање на продолжување на воените дејствија на секој можен начин – изјави Песков пред новинарите, додавајќи дека „Русија сè уште чека украинската страна да предложи датуми за нова рунда директни преговори“.
Песков изјави дека Москва ќе ги објави договорените датуми штом ќе ги добие, јавија руските медиуми.
Ново на Сител
-

Зеленски: Се надевам дека разговорите ќе донесат мир што е можно побрзо
-

Путин и Трамп не ја поддржуваат европско-украинската идеја за привремено примирје, соопшти претставник на Кремљ
-

Вардар предложи јужната трибина да го добие името Васил Рингов
-

Реакција на ЗНАМ
-

Трамп изјави дека имал „многу продуктивен“ телефонски разговор со Путин пред средбата со Зеленски
-

Граничниот премин Евзони од пладне затворен за сообраќај
-

Трамп и Зеленски по средбата ќе имаат телефонски разговор со европските лидери, соопшти портпаролот на украинскиот претседател
-

Прегазен 31-годишен пешак во Скопје
