Македонија
30. јуни 2019 - 19:51

Струмичани се жалат на нерационално трошење вода

Со растот на температурите почна да расте и потрошувачката на вода во Струмица. Во последните неколку денови регистрирано зголемување од околу 20  што е значително поголем процент во однос на истиот период лани. Зголемената потрошувачка на вода била посебно изразена во утринските и попладневните часови  како и за време на викендите кога најголемиот дел од граѓаните се во нивните домови.  Од Комуналец велат  имајќи предвид дека се работи за летен период ваквата појава била очекувана, но сепак овој процент  не  е вообичаен за овој период од годината.  

,, Потрошувачката на вода овие денови е драстично зголемена за разлика од претходниот период, од претходните години. Но, секако тоа е поврзано и со покачувањето на температурите кои што се присутни овој период.,, вели Столе Ефремов - ЈПКД Комуналец - Струмица. 

Од струмичкото комунално претпријатие  велат  дека континуирано ја следат потрошувачката и врз основа на потребите ќе и зголемуваат количините на произведена вода. Од таму додаваат дека тие имаа доволно капацитет за да се одговори на потребите на граѓаните и веќе се подготвени за вакви периоди. Во моментов фабриката за производство на вода работела со две третини од расположливиот капацитет.

,, Ние како јавно комунално претпријатие имаме искуство да се справуваме со такви периоди. Очекувано е дека во летниот период ќе биде зголемена потрошувачката. Во овој период ние секако имае резерви за поголема потрошувачка, но во моментот работиме со 600 метри кубни на час.,, вели Ефтимов.

Една од причините поради кои потрошувачката на вода бележи значителен порат е користењето на истата и за наводнување на зелените површини во домаќинствата. Од струмички комуналец велат и покрај тоа што тие имаат доволно вода за да ги задоволат потребите на граѓаните сепак апелираат таа да се штеди и чистата и преработена вода вода да ја користат исклучиво за потребите на домаќинствата, а за наводнување да користат  техничка вода.