Струмица се вклучи во акцијата „Европската недела на мобилност“
Со дефиле на велосипеди, марш на градскиот плоштад „Гоце Делчев“ и со промоција на стрип „Климата не е на копче“ и Струмица се вклучи во акцијата „Европска недела на мобилност“. Организаторот ЕД „Планетум“ го промовира и стрипот „Климата не е на копче“ кој го реализираа во соработка со учениците од основните и од средните училишта.
- Овој стрип е резултат на локална кампања против климатските промени. Се спроведување низ креативни работилници на група ученици, каде што научија како се шишува приказна и како се илустрира стрип. Истовремено преку неформално образование научија како да се борат против климатските промени, појасни Катерина Хаџискерлева од ЕД „Планетум“ Струмица.
Стрипот беше поделен на денешниот настан, а ќе го има и во сите основни и средни училишта во Струмица. Во рамки на акцијата „Европска недела на мобилност“ се промовира токму честото користење велосипед како начин за ублажување на климатските промени.
- Верувам и денес дека ќе испратиме порака дека автомобилите кои ја загадуваат нашата животна средина треба да се користат одговорно и да се избере тн. „паметен начин на транспорт“. Тоа би значело почиста животна средина, намалена бучава, поголемо здравје и заштеда во семејниот буџет. Ако Европската година на мобилност ја направиме македонска или струмичка, може да се наречеме „луѓе со изградена еколошка свест“, рече пред присутните претседателот на Советот на Општина Струмица, Јосиф Христов.
Европската недела на мобилност завршува денес во партнерство со Делегацијата на ЕУ во Македонија, ЕУ-инфо центарот од Скопје и министерството за животна средина и партнерски организации од градовите.
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата