Македонија
9. March 2019 - 21:46

Струмица поплавена од река од маски

Вечерва низ улиците на Струмица поминаа 47 маски во различни категории, со околу 2 илјади учесници.

Нивните креации ги оценува жири комисија, која треба до донесе одлука кому ќе му припаднат паричните награди во повеќе категории.

Пред голем број граѓани, премиерот Зоран Заев и неговата сопруга Зорица, повеќе министри во Владата на Република Северна Македонија, амбасадори и гости од земјава и странство, но и пред стручното жири, карневалските групи буквално експлодираа во своите настапи и со своите креации.

Карневалските празнувања во Струмица продолжуваат утре, на Прочка, со одржувањето на Детскиот карневал.