Стручна дебата на тема „Безбедноста на домот преку превенција на новите закани и безбедносни ризици”

Комората на Република Северна Македонија за приватно обезбедување заедно со Министерството за внатрешни работи и Општината Охрид во рамки на проектот „Безбедно дома“, денеска, во Охрид организираат стручна дебата на тема „Безбедноста на домот-преку превенција на новите закани и безбедносни ризици”.
Како што соопштуваат организаторите, на стручната дебата ќе говорат претседателката на Комората на Република Северна Македонија за приватно обезбедување Верица Милеска Стефановска, претседателката на Советот на Општина Охрид, Живка Ангеловска, Сашо Смилески началник на СВР Охрид, и професорите Марјан Ѓуровски од Факултетот за безбедност-Скопје, Александра Деаноска Трендафиловска од Правниот факултет-Скопје и Пере Аслимоски од Факултет за туризам и угостителство. На форумот ќе се обратат и претставник на Секторот за превенција при СВР Охрид, претставници од локалните самоуправи и телата за домување, станбен и деловен простор, секторот за превенција на Министерството за внатрешни работи и други институции од безбедносниот систем на државата.
-На дебатата од повеќе аспекти ќе се говори како преку превенција на новите закани и безбедносни ризици може да се зголеми безбедноста на домот и личната безбедност на секој поединец и семејството и за значењето на примената на концептот на јавното-приватно партнерство во обезбедувањето на имоти и лица. Преку подигање на свеста кај граѓаните и навремето превземање на мерки и активности ќе се подигне важноста и одговорноста за безбедноста на домот, пред се, третирајќи ја од перспектива на правилна превенција и превземање на соодветни активности и мерки за гарантирање на максимална безбедност на домот и семејството, стои во соопштението.
Дебатата во просториите на Општина Охрид се оддржува пред сезоната на годишни одмори, кога се зголемува нарушувањето на безбедноста на домот.
Ново на Сител
-

Путин телефонски разговарал со Трамп
-

Трамп: Блокадата на Иран продолжува додека не се постигне нуклеарен договор
-

Пронајдени марихуана, амфетамин и метадон при претрес во Аеродром, поведена истрага
-

Москва го обвинува Зеленски дека провоцира нуклеарна војна
-

Иран им се заканува на САД со „невидена“ воена акција поради поморската блокада
-

Собранието изгласа укинување на техничката влада - за власта таа е надминато решение, опозицијата смета дека без неа ќе нема услови за демократски избори
-

Раде Трајковски Штекли осуден на осум години затвор
-

Повреден градежник додека извршувал работни задачи на автопатот Охрид-Кичево
