Страшна сообраќајка на патот Крупиште-Пробиштип, четворица повредени во судар на автомобил и два мотоцикли
Четири лица се повредени во сообраќајната несреќа која се случи синоќа на патот Крупиште-Пробиштип. Од нив тројца се здобиле со потешки пореди.
Портпаролот на СВР Штип, Гордана Панајотова информира дека несреќата се случила синоќа во 20:50 часот меѓу автомобил „Голф“ и два мотоцикли. Во несреќата тешко повредени се возачот и сопатникот на мотоциклот марка „Сузуки“, а исто така и на мотоциклот „Јамаха“.
Двајцата тешко повредени од мотоциклот „Сузуки“ на возраст од 28 и 24 години од Штип со возило на Итната медицинска помош поради сериозноста на повредите се директно транспортирани во Клиничкиот центар во Скопје, а додека возачот на мотоциклот „Јамаха“ е задржан на лекување во Штипската клиничка болница. Со полесни повреди се здобил и возачот на возилото „Голф“.
Двата мотоцикла кои учествувале во несреќата се без регистарски таблички. Во текот на денот СВР Штип ќе излезе со повеќе детали за тешката сообраќајна несреќа.
Ново на Сител
-
230 луѓе останаа без дипломатски пасоши, меѓу нив и претседателот на ФФМ
-
До крајот на месецот средба на мешовитата македонско–бугарска историска комисија
-
Судскиот совет одлучи: Јавен укор за судијката Спировска-Панева
-
Минималната плата мора да се зголеми
-
Три седници во Собранието
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги партизираше институциите
-
Викендот во Штип 39-то издание на „Макфест“
-
Преглед на вестите од светот