Страшна несреќа на Табановце - маж се бори за живот на КАРИЛ
Вчера околу 16 часот во Полициската станица Куманово било пријавено дека на Граничниот премин Железничка станица Табановце инспекторот по животна средина 43-годишниот Б.З. од село Слупчане, општина Липково, се здобил се тешки телесни повреди при струен удар.
Б.З. вршел преглед на теретен воз кој сообраќа на релација Унгарија –Грција, кој бил во композиција од 15 вагони. Се качил на вагон-цистерна од која истекувало натриумхиперхлорид и во еден најверојатно ги допрел жиците со струја со висок напон, при што дошло до струен удар, а тој бил отфрлен од цистерната и паднал на земја. Б.З. се здобил со изгореници по целото тело и со екипа на Итна медицинска помош бил во Медицински центар Куманово, од каде бил препратен на КАРИЛ при комплексот клиники „Мајка тереза“ во Скопје.
Увид на местото на настанот извршиле увидна екипа од СВР Куманово и инспектор за заштита и здравје при работа. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
Вардар и Алкалоид се двете македонски екипи во Лига Европа во ракомет
-
Владата прогласи кризна состојба од 30 дена поради пожарите
-
Можни прекини во водоснабдувањето во Општина Чаир и Железара поради прекин на електрична енергија
-
Кривична за екс-директор на основно училиште во Липково, го оштетил буџетот на државата за 577.550 денари
-
Пожар во парк-шумата Гази Баба | ВИДЕО
-
Кремљ по одлуката на Трамп да испрати оружје за Украина: САД и Европа ја избраа војната
-
Крадец од струмичко пукал кон полицијата, па бил ранет при приведувањето
-
Јулски снег во Словенија