Бизнис
14. January 2019 - 20:25

Стопанствениците стравуваат дека со стартот на преговорите со ЕУ бизнисот повторно ќе биде во втор план

Иако постојат тенденции за добра економска година, без квалификуван кадар и зголемена побарувачка бизнисот не може да оди напред. Бараат да нема предвремени парламентарни избори бидејќи на тој начин економијата дополнително ќе биде забавена.

-На домашниот пазар постои недоволна побарувачка. На странскиот пазар, исто така, побарувачката е мала. Најголем ограничувачки фактор, дефинивно, за развој на домашната економија е недостатокот на квалификувана работна сила, вели Даниела Михајлова-Василевска.

Од Северозападната комора велат членството во НАТО и потенцијалните пристапни преговори со ЕУ ќе ги ослободи фирмите. Меѓутоа, оттаму стравуваат дека со почнувањето на пристапните преговори со ЕУ, целата администрацијата ќе биде насочена во тој правец.

Ако почнеме преговори со ЕУ постои ризик дека јавната администрација ќе се фокусира на скрининг процесот и ќе биде ризично сервисирањето ан бизнисот. Затоа треба силна политичка одлука на Владата, за да бизнисот не биде оставен настрана.2019 ако е година на економијата, а за тоа постојат предуслови, инфраструктурните преокти ќе се решат, нема причина да не се реализираат капиталните проекти и економскиот раст, вели извршниот директор на Северозападната комора, Дрилон Исени.

Експертите, пак,  сметаат дека за раст на економијата - администрацијата мора да се намали за да биде поефикасна.

За намалување на администрацијата треба да им се доделат 18 нето плати, такви – какви што ги примаат. Сите тие што сакаат да ги земат и повеќе да немаат право никогаш да се вратат во администрација. Сигурен сум дека така ќе се ослободиме од 20.000-30.000 луѓе кои што ни се тежок товар, вели економскиот аналитичар, Горан Рафајловски.

По завршувањето на уставните промени, премиерот Заев најави економски бум годинава. Очекува раст од 4 или повеќе проценти.