Македонија
10. May 2018 - 10:59

Стоп за дивите трки по најголемите сообраќајници, полицијата ловеше мотоциклисти низ Скопје

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје синоќа повторно извршило контрола во главниот град при што се утврдени 23 прекршоци.

Како што соопшти МВР, сообраќајните контроли биле  спроведени меѓу 19 и 1 часот, а меѓу прекршоците биле управување мотоцикл со брзина поголема од дозволената и поминување на црвено светло.

Едно лице кое управувало мотоцикл без возачка дозвола е приведено во Полициска станица Кисела Вода, осомничено за сторен царински прекршок.

МВР информира дека контролите на подрачјето на Скопје се со цел спречување на организирањето и учеството во диви трки на мотоциклисти на улиците „Џон Кенеди“, „Лазо Трповски“, „Втора Македонска бригада“, „Христијан Тодоровски Карпош", „Цветан Димов", „Митрополит Теодосиј Гологанов" и булеварите „Јане Сандански", '„Партизански одреди" и „Србија".

Во акцијата претходната ноќ (8/9 мај) беа регистрирани 15 прекршоци. Секторот за внатрешни работи Скопје соопшти дека ќе ги  продолжи сообраќајните контроли.