Столтенберг очекува сите членки на НАТО да го потпишат Протоколот за прием на Македонија
Генералниот секетар на НАТО Јенс Столтенберг денеска од Букурешт порача дека мошне скоро од сите 29 земји-членки ќе биде потпишан пристапниот Протокол за членство на Македонија во Алијансата.
Тој денеска на заедничката прес-конференција со романскиот претседател Клаус Јоханис изрази очекување дека сите 29 членки ќе го потпишат Протоколот, по што како што рече, Скопје ќе учествува на двата претстојни состанока на НАТО.
– Откако сите 29 земји-членки ќе го ратификуваат Протоколот, ќе ја поздравиме Република Северна Македонија како 30. членка на НАТО, нагласи Столтенберг.
Приемот на земјата во Алијансата, посочи првиот човек на НАТО, ќе придонесе за мирот и стабилноста во регионот и во цела Европа.
Столтенберг истакна дека со Јоханис меѓу другото разговарале и за континуираната посветеност на политиката на отворени врати на НАТО и им честита на Скопје и Атина, на премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас за нивната храброст и силното лидерство за решавање на спорот со името.
Ново на Сител
-
Иран: Нападите врз Израел се чин на самоодбрана
-
Кипар активира систем за алармирање и засолништа поради судирот Израел-Иран
-
Германија, Франција и Велика Британија нудат итни преговори со Иран за нуклеарната програма
-
Над пет милиони Американци на протести против Трамп за време на одржувањето на воената парада во главниот град
-
Репрезентативец на Албанија доби мурал на ѕид на тетовско училиште
-
Трамп: САД немаат ништо со нападот врз Иран
-
Херцог жали за жртвите од иранскиот ракетен напад: Многу тажно и тешко утро
-
Три сообраќајки вчера во Тиквешијата