18-годишник од тетовско најпрво истепал соселанец, а потоа го удрил со автомобил

Полициски службеници од СВР Тетово лишиле од слобода 18-годишник од село Јажинце, кој по меѓусебна расправија пред угостителски објект во селото најпрво физички нападнал друг соселанец, а потоа додека се движел пеш и го удрил со автомобил.
Настанот, како што информира Министерството за внатрешни работи, е пријавен вчера во 23:00 часот, по што лицето Б.Б. (18) е лишено од слобода, а возилото одземено и против него ќе следува соодветна пријава.
- На 13.04.2026 во 23:00 часот во с. Јажинце, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Б.Б.(18) од с. Јажинце. По претходна пријава од М.С.(22) од с. Јажинце, дека во селото пред угостителски објект, поради претходно меѓусебна расправија Б.Б. физички го нападнал, а потоа додека М.С. пеш се движел бил удрен од патничко моторно возило „опел“ со тетовски регистерски ознаки управувано од пријавениот. Возилото е одземено и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава – информираат од МВР.
МИА
Ново на Сител
-

За 24 часа уапсени две лица за семејно насилство и вкупно четири пријави
-

Утре во Скопје посебен режим на сообраќај поради атлетска трка
-

Побаран притвор за осомничениот 53-годишник од тетовска Брвеница
-

Хуманитарен Велигденски саем – Македонски Каритас
-

По сомнеж од мајката, при преглед на ГАК откриена бременост кај 14-годишно девојче
-

Приведен 30-годишен велешанец, украл телевизор од домот на сограѓанин
-

26-годишник од с.Волково повреден со остар предмет при расправа за паркинг
-

Две лица од Крива Паланка, едниот од нив малолетник, физички нападнале службени лица од АХВ
