Стојанов: Нема веќе пожари во близина на неготинско Калањево
Нема веќе пожари во близина на Калањево, информираше денеска неготинскиот градоначалник Горан Стојанов, на неговиот фејсбук профил.
- Во околината на селото Калањево во овие моменти е мирно и безбедно, нема пожари во близина и не е доведена во прашање безбедноста на имотите на граѓаните. И покрај тоа, дел од расположливите ресурси од луѓе и механизација во моментов се насочени кон создавање безбедносни појаси околу Калањево, со цел во случај на евентуално присуство на пожари, селото да биде отсечено и безбедно, напиша градоначалникот.
Тој објави дека активности на терен со луѓе и механизација се присутни и на планината Серта од неготинска страна, со цел за создавање услови за полесно справување при појава на пожари.
Вчера претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова ги посети припадниците на Армијата што гаснеа на големиот пожар на планината Серта кај неготинско Калањево.
- Претседателката како врховна командантка на вооружените сили е таму каде што има припадници на војска. Верувам во нивната способност, бидејќи секогаш кога било најтешко тие се наоѓале на вистинското место, подвлече таа.
Пожарот во Неготинско се гаснеше неколку дена од копно и од воздух, таму вчера попладне заврна и дожд, а доброволци што изминатите девет дена активно беа вклучени во гаснењето, заедно со ловци од ловечкото друштво Неготино, попладнето прославуваа за дождот и изгаснатиот пожар.
Ново на Сител
-
„Тинекс“ - 30 години успешно работење и постојана инвестиција во развој и иновации
-
Уапсени две лица на натпреварот Франција – Израел
-
76-годишна скопјанка измамена од Ганец, во повеќе наврати му праќала 8.000 евра и телефони
-
АТП го казни Тиафо со 120.000 долари поради пцуење судија
-
Денеска последната супермесечина за оваа година
-
Кирјос по двегодишна пауза се враќа на тенискиот терен
-
Фалкао најдобар колумбиски стрелец во историјата
-
Лазаров го објави поширокиот список ракометари за Светско првенство