Стивен Сигал доби руско државјанство
Претседателот на Русија, Владимир Путин потпиша указ со кој му се доделува руско државјанство на холивудскиот актер Стивен Сигал, соопшти денеска Кремљ.
Популарниот „Нико“, како што гласи називот на еден од акционите ликови кои ги одглуми, јавно го поддржува анектирањето на Крим од страна на Русија, нешто што западните држави официјално експлицитно го отфрлија.
За „Росискаја Газета“ актерот изјави дека тој потег е „доста разумен“ во насока на заштита на руската заедница која живее на полуостровот.
Сигал израснал во Калифорнија, но има руско-монголско етничко потекло. Како што јави ДПА, тој често и ја посетува Русија, па при едно такво патување, се решил да побара руско државјанство.
Во 2013, од политичко-економски причини и францускиот глумец Жерар Депардје побара и доби руско државјанство.
Инаку, Сигал претходно годинава доби и српски пасош.
Ново на Сител
-
Годишно обраќање на претседателката Гордана Сиљановска Давкова пред пратениците
-
Филипче со критики за шест месеци Влада - Повика на државно обединување
-
Мицкоски најавува нови мерки за справување со високите цени
-
Мицкоски: Криминалите во Државна лотарија се многу поголеми од 8 милиони евра
-
Села обвинува за непочитување на волјата на граѓаните на последните избори
-
Целосно се исплатени субвенциите за земјоделците
-
600 семејства се на работ на сиромаштијата
-
Преглед на вестите од светот