Македонија
25. December 2024 - 12:21
600 семејства се на работ на сиромаштијата
600 семејства односно околу 2 илјади луѓе кои се на работ на сиромаштија бараат помош од хуманитарната организација. Иако најголема е потребата од огревно дрво оваа година немало помош од донатори за греење, ранливите се помагаат со храна, средства за хигиена, лекови, прегледи и оперативни зафати. Од Црвениот крст апелираат до општествено одговорни компании и хумани граѓани кои имаат можност да донираат за оние на кои им е најпотребна помош.
Има случаи каде што луѓето одбираат да живеат од ден за ден и да добиваат помош отколку да се вклучат во некој работен ангажман, напоменува Точков.
Списоците со лицата кои останале без работа и се во социјален ризик постојано се ажурираат.
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->