Балкан
14. July 2017 - 17:42

Стигнаа резултатите од обдукцијата: Утврдено е како Маја и малиот Михајло се убиени од таткото на детето

Институтот за судска медицина ја заврши обдукцијата на телото на Маја Ѓорѓевиќ (38) и нејзиниот син Михајло (40) кои во средата пред Центарот за социјална работа во Раковица ги уби Марко Николиќ (43), татко на детето.

Михајло умрел како последица на давање, а за Маја кобен бил убодот во вратот.

Обдукцијата покажала дека смртта на малиот Михајло настапила од давењето, односно истегнување на вратот, а не од ударот во земја кога таткото монструм го фрлил на подот.

Извор од институтот наведува дека се уште не може да се каже дали Николиќ го отрул детето со нешто, со оглед на тоа дека малиот Михајло во Центарот за социјална работа е донесен во полусвесна состојба и со пена која му излегувал од уста, но тоа ќе се докаже со токсиколошка анализа која може да се чека и до три недели.

-Обдукцијата е завршена и се упатува на тоа дека детето е умрено од давење, но завршните зборови за тоа ќе стигнат дури со токсиколошката анализа - вели извор.

Тој наведува дека за Маја бил кобен убодот во врат. Се наведува и тоа дека обдуцентот никогаш по грозна слика не видел од тело.

-Мајката има повеќе од десетина убоди. Кобна била раната на вратот, а по телото имала и доста плитки убоди.

-Марко Николиќ и Маја Ѓорѓевиќ не биле во брак, туки три години во врска, се до 2012 година кога го добиле синот Михајло. Тогаш нивната врска се претворила во пекол поради насилничкото однесување на Николиќ, поради што вчера во судот требало да се одржи главен претрес.

Николиќ имал право да го гледа своето дете секоја среда без било чиј надзор. Го земал наутро од градинка и го враќал попладне во Центарот за социјална работа.

Во средата, го донел синот Михајло, кој тој ден го поминал со него, во Центарот за да го врати на мајката.

Синот го донел во речиси бесбесна состојба и со пена на устата.