Стејт департментот за сесрпскиот сабор: Лидерите од Западен Балкан треба да промовираат стабилност
По повод декларацијата усвоена во „Сесрпскиот сабор“, американскиот Стејт департмент ги повика политичките лидери од Западен Балкан подобро да ги искористат нивните состаноци со цел да се промовира регионалната стабилност и помирување.
По повод Декларацијата за заштита на националните и политичките права и заедничката иднина на српскиот народ, Стејт департментот во својот одговор до Радио Слободна Европа (РСЕ) изјави дека САД „цврсто го поддржуваат суверенитетот, територијалниот интегритет и мулти-етнички карактер на Босна и Херцеговина, чиј дел е и Република Српска.“
„Реториката и постапките на (претседателот) Милорад Додик во врска со отцепувањето на Република Српска ја загрозуваат мирната, демократска и просперитетна иднина во евроатлантските институции што ја посакуваат и заслужуваат граѓаните на БиХ, вклучително и жителите на Република Српска “ соопштија од Стејт департментот.
САД „веруваат оти иднината на сите земји од Западен Балкан е во Европската унија, во која регионалната соработка и добрососедските односи водат до поголем мир, безбедност и просперитет за сите“.
Усвојувањето на декларацијата во „Сесрпскиот сабор“, на 8 јуни во Белград, вчера го коментираше и американскиот амбасадор во Белград, Кристофер Хил, велејќи дека фокусот на сите што се грижат за Србија и нејзината иднината треба да остане на создавање на мирна и просперитетна иднина за целиот Западен Балкан и на зголемување на регионалната соработка со интеграцијата во ЕУ како крајна цел.
Ново на Сител
-
Биткоинот достигна вредност од над 90,000 долари
-
Скопјанец осомничен за обид за убиство на подмолен начин
-
Тошковски: Ставањето во функција на „Безбеден град“ е со цел да се подобри безбедноста на патиштата и да се намали бројот на жртви
-
Во Кина студент со нож уби најмалку осум лица, рани 17
-
Измамена велешанка - И кажале дека и следуваат 20 илјади евра, па пратила 600 евра
-
Притворен малолетникот кој на автобуски станици во Карпош со нож повредил двајца малолетници
-
Мигранти влегле во камион без знаеење на возачот и се обиделе да влезат во Македонија
-
Пронајдена дрога во Скопје, приведени повеќе лица