Стејт департмент: Тилерсон нема да поднесе оставка
Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон нема намера да поднесе оставка, соопшти Стејт департментот. Соопштението е објавено синоќа по информации дека Тилерсон би можел да се повлече поради несогласување со Белата куќа.
– Тоа не е точно. Разговаравме со државниот секретар и тој беше јасен: има намера да остане овде. Уште имаме многу работа, изјави портпаролката Хедер Науер.
Скратениот распоред на Тилерсон го нарече „мал одмор“ по бројните состаноци во Европа и Персискиот залив во јули.
Откако ја презеде функцијата во февруари, Тилерсон е критикуван поради тајност во работата и проектите за намалување на буџетот на Стејт департментот за 30 отсто. Таму работат повеќе од 70.000 луѓе.
Си-Ен-Ен објави изјава на неименуван извор дека Тилерсон, поранешен шеф на ЕксонМобајл, е „фрустриран од мешањето на Белата куќа во процесот на именување негови соработници“.
Ново на Сител
-
Се одбележува денот на сесловенските просветители Светите браќа Кирил и Методиј
-
24 мај - Ден на Свети Кирил и Методиј
-
УКИМ одбележува 75 години од формирањето
-
На УГД отворена лабораторија за квантитавни истражувања во економски и организациони науки
-
Течат рокови за приговори по вчерашното прегласување, привршуваат преговорите за Влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Вреди
-
Свечена академија во чест на Националниот ден на Власите
-
Тема на денот со Тимчо Муцунски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
„Македонија во чест на Свети Кирил“ - Претседателката се сретна со Папата