Стефковски го вработи Никола Ѓорѓиев во Општина Гази Баба
19 годишниот Никола Ѓорѓиев кој боледува од рак на коски од денеска ќе работи во Општина Гази Баба, информираат од прес службата на Општина Гази Баба. Оваа вест на Никола му ја кажал Стефковски, а за ваквиот потег градоначалникот информираше и на Фејсбук.
„МЛАДИОТ НИКОЛА ЃОРЃИЕВ ОД ДЕНЕС ЌЕ РАБОТИ ВО ОПШТИНА ГАЗИ БАБА!
19 годишниот Никола Ѓорѓиев од Црешево за кого во хуманоста се обедини цела Македонија од денес ќе биде мој соработник во општинската администрација на општина Гази Баба.
Кога прв пат го сретнав Никола, запознав еден млад човек, полн со живот, кој ми кажа дека по сите предизвици со кои се соочил во животот, сака да се вработи и да биде самостоен човек.
Таа желба на Никола од денес станува реалност. Никола ќе биде дел од мојот тим и ќе има можност да даде свој придонес во напредокот на општина Гази Баба.
Што се однесува до лекувањето на Никола, тоа се одвива согласно утврдениот протокол и тој на 17ти Јули, треба да замине за Турција со цел примање на четвртиот дел од терапијата.
Никола, кога те запознав ти кажав дека во мене низ целиот твој живот ќе имаш пријател и сојузник. И тоа ќе остане така!
За мене нема ништо повредно од тоа кога знам дека со одредена моја постапка, сум причината за нечија среќа“. - пишува Стефковски на Фејсбук.
Ново на Сител
-
Клиниките ќе се спојуваат во 2026, Таравари ќе враќа лекари од приватното во државното здравство
-
Бела ноќ со француската атракција групата „Кидам“ со уличниот спектакл „Сонот на Еребер“
-
Најмалку 20 загинати во поплавите во БиХ
-
Можен распад на Европскиот фронт на ДУИ поради Мендух Тачи
-
Затворена седница за ЕУ
-
Владата најавува нова модерна опрема за Армијата
-
Зградата во Чаир се уште небезбедна – Обвинителството чека услови за да почне истрага
-
Одложени следните две рочишта за убиствата на Вања и Панче – обвинетиот Видевски се уште е на нефрологија