Македонија
4. December 2019 - 16:35

Стефан Васев: Откако излажа за магистратурата и докторатот, дали Мицкоски излажа и за своето прво вработување

На татиниот асистент, Христијан Мицкоски, единствена константа му се секојдневните лаги.

Мицкоски излажа дека магистрирал во Италија и докторирал во Германија. Потоа лажеше дека никогаш не кажал такво нешто.

Лажеше Мицкоски и за Договорот со Бугарија, прво велеше дека е штетен, после вели поткрепиме договора.

Јавноста знае дека татиниот асистент лажеше и дека додека бил советник кај неговиот ментор Никола Груевски, работел про-боно, што се покажа како неточно.

Очигледно Мицкоски лаже и за своето прво вработување?

Хигиеничар е чесна и доблесна професија, многу повеќе отколку нечесниот пристап на Мицкоски во политиката и кон граѓаните.

Ако навистина прво се вработил како хигиеничар зошто тогаш тоа не е наведено во ниту една негова биографија?

Или исто како магистратурата и докторатот од Италија и Германија кои никаде ги нема тоа се лаги со кои го потврдува нечесниот однос кон граѓаните.

Мицкоски испраќа многу лоша порака кон младите.

Затоа младите не му веруваат на Мицкоски и затоа младите на 12 април ќе бидат предводници во победата над погубните политики на ВМРО-ДПМНЕ предводено од Мицкоски.