Криминална организација во Грција преку телефонски измами се стекнала со речиси три милиони евра
– Грчката полиција разби криминална организација со 37 члена, кои имале професионална инфраструктура и оперативни и телефонски центри во различни делови на Грција и изнудувале пари од граѓани и преку телефонски измами и убедувајќи ги да уплатат пари на банкарски сметки, а во откриените 656 случаи се стекнале со финансиска корист од 2,955.
804 евра, јави дописничката на МИА од Атина.
Како што соопштија од грчката полиција, криминалната организација дејствувала на различни начини со неколку методологии, „со прикажување на лажни факти како вистинити, но и со користење на лажни информации за идентитетот“ за да ги измамат граѓаните.
Едниот начин на измами бил преку телефонски повици, во кои членовите на организацијата се претставувале како вработени во државни организации и на граѓаните им велеле дека се корисници или на владина субвенција или на рефундирање и од нив барале пари, под изговор дека така веднаш ќе ги добијат средствата.
Во друг случај, исто така преку телефонски повици се претставувале како вработени во сметководствена канцеларија со која соработуваат потенцијалните жртви, сопственици или вработени во трафики и мини-маркети и под изговор дека треба да го надградат системот на касите, ги убедувале да вадат припејд картички и да им ги даваат шифрите.
Паралелно, граѓани мамеле и со објавување лажни огласи на интернет за продажба на автомобили и земјоделски машини, по многу ниски и примамливи цени, со цел да се привлече интересот на голем број потенцијални купувачи, од кои барале капар за да се постигне договор.
Организацијата била активна од октомври 2022 година низ цела Грција, а биле уапсени 25 лица.
Ново на Сител
-
Алкалоид осминафиналист во Европскиот куп
-
Во Грузија и вечерва продолжија антивладините протести
-
ФФМ: Одложени натпреварите од 17. коло во ПМФЛ
-
Семејна драма во Штип: Мајка ја нападнала ќерка си
-
Поради снег забрани за тешки товарни возила на патот Кичево - Охрид и кај Плетвар
-
Малолетник од Скопје со нож се заканувал на соученици
-
Прегазен пешак во Битола, итно пренесен на Клиника
-
Одредена мерка притвор за тројцата учесници во инцидентите во Скопје