Стефан Петровски го фати крстот во Крива Паланка
Дваесетгодишниот Стефан Петровски од кривопаланечкото село Мождивњак е среќникот кој го извади крстот од водите на Крва Река.
- Петти пат се фрлам по крстот и пресреќен сум што успеав да го извадам од водите на Крива Река. Верувам дека ќе ми донесе среќа, бериќет, здравје, рече Петровски.
Годинава четириесетмина се пријавија и се фрлија по крстот, а најсреќен беше Петровски, кој од локалната самоуправа на општина Крива Паланка доби награда, машина за перење.
Чествувањето на Богојавление - Водици во Крива Паланка започна со света божествена литургија на свештениците од Кривопаланечкто архиерејско намесништво во соборниот храм „Свети Димитриј“, на која присуствуваа голем број верници.
По литургијата беше осветена вода во дворот на црквата и верниците си понесоа вода во своите домови, а по чинот во црквата се даваше и света причест.
По повод големиот христијански празник Богојавление - Водици, денеска во Крива Паланка се одржи манифестацијата „Пивтијада 2017“.
Ново на Сител
-
Тројца турски државјани уапсени во Скопје, во себе носеле марихуана и два ножа
-
Директорот кој клечеше пред гимназија во Нови Сад денеска им држел настава на само тројца ученици
-
До крајот на денот облачно со сончеви периоди, од утре дожд и снег
-
Кешишев полнел бензин во шише во близина на партијата “Десна” утрото пред грабнувањето на Вања
-
ДСЗИ ќе бара од Таравари формирање стручна комисија за лекувањето на деветгодишното дете
-
28 годишник физички нападнал доктор во тетовската болница
-
Пожар во старечки дом во Кавадаречко, се евакуираат 30 лица
-
Надлежните очекуваат раст на заболени од грип, пикот се очекува кон средината на февруари