ДСЗИ ќе бара од Таравари формирање стручна комисија за лекувањето на деветгодишното дете

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) ќе побара од министерот за здравство Арбен Таравари да се формира стручна комисија за лекувањето на деветгодишното дете од светиниколско, кое почина на 14 јануари.
Вонреден инспекциски надзор за лекувањето на детето беше извршен на три места - почнувајќи од матичниот лекар, Клиничката болница - Штип и на Клиниката за детски болести во Скопје. Од извршените вонредни инспекциски надзори во овие здравствени установи, Државниот санитарен и здравствен инспекторат не констатирал недостатоци.
Стручната комисија треба да утврди дали имало некоја лекарска грешка при лекувањето на деветгодишното дете.
Во приватната здравствена установа, детето се појавило заради болки во стомакот и повраќање, кашлање, висока температура и не спиење претходниот ден.
-При преглед, детето било поспано, афебрилно, без убедливи знаци за дехидратација. Направени му се лабораториски испитувања по што дадена му е инфузиона терапија во тек на која кај детето настапува сомнолентност со слаба реакција на говор заради што е упатено во ЈЗУ Клиничка болница - Штип, беше појаснето од страна на ДСЗИ по надзорот.
Во Клиничката болница во Штип, детето било донесено со такси возило, примено попладнето околу 18 часот, прегледано од дежурен доктор при што била поставена дијагноза сомноленција.
-Во ЈЗУ КБ - Штип, повторно му се извршени лабораториски испитувања и дополнително КТМ на глава. Заради општата лоша здравствена состојба како и наодите од лабораториските испитувања и КТМ, детето во придружба на медицинска екипа - доктор, сестра, со болничко возило транферирано е во ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести. Во ЈЗУ УК за детски болести, детето е донесено на 14 јануари во 20:25 часот како итен случај со дијагноза сомноленција по претходна најава и договор за прием со дежурен доктор од Одделот за неврологија на Клиниката. На прием детето е во општа тешка состојба поради што веднаш е започната со рехидратација и корекции на биохемиски параметри. Во 22:25 часот има дополнително влошување со респираторен и кардиак аррест, започната е реанимација во тек на која е симнато на ОИНТ за понатамошен третман. Состојбата на детето и понатаму се влошува и покрај сите пропратни интервенции, реанимацијата не е прифатена и во 23.30 часот настапува егзитус, појаснија од ДСЗИ.
Ново на Сител
-

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте во во вторник доаѓа во официјална посета на земјава
-

Во Струмица одбележани 22 години од загинувањето на претседателот Трајковски
-

Зеленски: Русија ноќеска ја нападна Украина со 420 дронови и 39 ракети, повредени се десетици лица
-

Песков: Путин, Трамп и Зеленски треба да се сретнат само за да ги склучат договорите
-

Советот на ЈО по повикот од Филков: Надзорот во случајот Груби е на повисокото обвинителство, немаме надлежност во оваа фаза
-

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради посетата на албанскиот претседател
-

Реконструкција на охридскиот аеродром по првпат од изградбата, најави Николоски
-

Нова измама во Битола на возрасно лице од лажен лекар кој одзел 9.600 евра
