Нова измама во Битола на возрасно лице од лажен лекар кој одзел 9.600 евра

СВР Битола утрово информира дека е регистран нов случај на измама на возрасно лице од лажен лекар кој на 84-годишна битолчанка и одзел 9.600 евра.
Од СВР Битола информираат дека вчера во 16:00 часот во СВР Битола, 84-годишна битолчанка пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 9.600 евра. Според пријавеното, претходно лицето ѝ се јавило, се претставило како лекар и ѝ кажало дека нејзината ќерка се здобила со скршеници и било потребно да се направи итна операција за што требало да плати. Како што е пријавено, таа ги дала парите на едно лице кое дошло пред нејзината зграда, а откако подоцна се слушнала со нејзината ќерка сфатила дека е измамена.
Измама беше регистрирана и претходниот ден кога 83-годишен битолчанец во СВР Битола пријави дека бил измамен за 10.000 евра. Измамникот му се претставил како лажен лекар и му рекол дека неговата внука паднала по скали, се здобила со тешки телесни повреди и било потребно да се направи итна операција.
Според соопштението на СВР Битола, одземањето на парите се врши според исто сценарио, и во двата случаеви, измамените лица ги даваат парите на лице кое доаѓа пред нивната врата, потоа дознаваат дека се измамени.
СВР Битола преземаат мерки за откривање на сторителите и расчистување на овој и претходните случаеви со појавата на лажни лекари, измамници.
МИА
Ново на Сител
-

Малолетник нападнат во трговски центар во Скопје од газда на угостителски објект
-

Полицијата пронајде и одзеде 10 килограми риба од жител на Криволак
-

Над 1,2 милиони патници на Скопскиот и на Охридскиот аеродром во првите четири месеци, рекореден раст од 32,4%
-

Дизелот поевтинува за четири денари
-

Обвинителството бара преиспитување на ослободителната пресуда за таткото на Вања пред Апелација
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче стана погласен за бугарските барања отколку за македонските црвени линии
-

Одбиено барањето за изземање на судијка поротничка, предметот за 13 полицајци од Кочани оди на главна расправа
-

УХМР: Попладне пороен дожд, грмежи и локално невреме
