Статистиката на тетовската полиција покажува просек по три сообраќајки дневно
Според најновите податоци од статистиката на Секторот за внатрешни работи за јули, на тетовското подрачје се случиле вкупно 99 сообраќајни несреќи, од кои 70 во населено место и 29 на отворено. Полициските службеници во тетовскиот регион за јули вкупно откриле и соодветно санкционирале 1.896 сообраќајни прекршоци.
– Во последната сообраќајна незгода, 43-годишна жена од кичевското село Стрелци вчера во Тетово била удрена од возило на улица „Радован Цониќ“, па поради добиената скршеница е задржана на лекување во тетовската клиничка болница. Инцидентот се случил околу 15 часот, а возилото „Мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, го управувал Ф.Д. (24) од Тетово, информира портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
Во текот на минатиот месец на поширокото тетовско подрачје вкупно биле регистрирани 17 повредени пешаци, од кои пет завршиле со тешки, а 12 со лесни телесни повреди. Двајца пешаци до денес се повредени во текот на август. Најголемиот број од ваквите несреќи се случиле на тетовските улици.
Ново на Сител
-
Нов бојкот на маркетите поради високите цени
-
Растат бројките на заболени од грип - се зголемува бројот на хоспитализации
-
Обвинение за четири лица за изведбата на фасадата на владата
-
Преглед на вестите од светот
-
Лажни дојави за бомби испразнија повеќе основни и средни училишта низ Македонија
-
Јавна расправа во собранието - како да се зголеми безбедноста во сообраќајот
-
ВМРО-ДПМНЕ ја поднесе иницијативата за интерпелација на дел од членовите на Судскиот совет
-
Граѓаните и денеска ги бојкотираат големите маркети