Македонија
26. May 2024 - 16:34

Старт-АП компаниите се иднината за економскиот раст во државата

Иднината на економскиот раст и развој на едно софистицирано општество се  новоформираните компании, ткн. старт-апи. Во раната фаза од формирањето, овие микро претпријатија треба да имаат јасна визија за сопствениот иновативен производ, технологијата на производство, потенцијалот за скалирање, но и да знаат што им е потребно за следната фаза на забрзан раст.

  • Треба нивистина да разберат што е потребно за да бидат успешни и одржливи. Една од најважните работи на акцелераторската програма, на која ние работиме, е да им дадеме на старт ап компаниите знаење и поддршка за тие навистина да можат да растат, изјави Марк Барет, ГИЗ, Проект менаџер - ЕУ за економски раст.

Проектот „ЕУ за економски раст“ во моментот нуди поддршка на забрзани програми за обука и менторство или акцелераторски програми за 20-тина старт- апи од првата група на севeроисточниот и југозападниот регион и од втората група на Полошкиот регион.

  • Нашата поддршка доаѓа во форма на директно инвестирање во овие старт ап-и, значи олеснување до пристап на капитал и до нови пазари, развој на бизнис моделите. Ние и понатаму ќе продолжиме со вакви акцелераторски програми и за новите генерации на мали бизниси, изјави Зоран Мартиновски, Охрид Акцелератор за Плава Економија
  • Многу сум задоволен што од првата група од 6 старт ап-и, 5 веќе најдоа инвестиции или се во завршна фаза на преговори за наоѓање инвеститори. Тоа покажува дека, ние како акцелератори, успешно сме ја завршиле работата и дека овие старт ап-и имаат потенцијал да ги сменат индустриите и да останат да работат на пазарите на кои што се натпреваруваат-изјави Гого Рафајловски, 700 Акцелератор– Тетово

За да се приближат до инвеститорите, кои ќе ги препознаат иновативните идеи, ќе вложат средства и ќе овозможат проширување и зголемување на нивните бизниси, старт ап компаниите ги презентираа своите бизнис модели на вториот по ред демо ден.

  • Иако се се уште во доста рана фаза на развој, верувам дека барем неколку од овие компании кои презентираа денеска ќе бидат во можност на покренат некои поголеми инвестиции и да ги пласираат своите производи на меѓународните пазари-изјави Ели Жабевска, SC Ventures, Фонд за ризичен капитал

Една таква е мобилната апликација „Бадијала“, чија презентација беше прогласена за најдобра на настанот, која ги собира на едно место сите производи кои се на акција во маркетите и дрогериите, со што се заштедува и до 30% при купувањето.

  • Со инвестицијата најповеќе ќе работиме на развој на апликацијата, вклучувајќи вештачка интелигенција, ќе дадеме дел за промоција и ќе дадеме дел за ширење на Балканот, изјави Ѓорѓи Филиповски, сопственик и основач на мобилна апликација „Бадијала“.

За инвеститорите најважен е тимот што работи на производот, кој проблем го решава, колку е глобален проблемот и кои се неговите потенцијали за пласман на домашниот или меѓународниот пазар