Свет
28. February 2022 - 12:23

Стапија на сила европските санкции за руската Централна банка

 Санкциите на Европската унија против руската Централна банка утринава  стапија на сила откако беа објавени во официјалниот Службен весник на ЕУ а Швајцарија исто така соопшти дека „е многу веројатно“ дека наскоро ќе ги замрзне руските средства во своите банки.

-Санкциите вклучуваат забрана за трансакции со руска финансиска институција, изјави шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, пренесе Хина.

Ќе се замрзнат и сите средства на банката во ЕУ за да се блокира финансирањето на војната на рускиот претседател Владимир Путин во Украина.

Мерката се смета за значајна како и планираното исклучување на руските финансиски институции од банкарската мрежа SWIFT.