Стамов: Бесплатни плацеви за млади во Општина Дојран
Кандидатот за градоначалник на Општина Дојран од ВМРО-ДПМНЕ Борче Стамов промовираше нов проект за младите.
-Проект кој ќе обезбедува нови и евтини домови, домови за младите луѓе, домови во кои ќе растат среќни семејства. Дојран изминативе години се развиваше со мошне забрзано темпо. Плацевите кои се продаваа најчесто достигнуваа износ кој за младите беше или тежок или речиси невоможен да го платат. Во новата програма предвидуваме доделување на бесплатни плацеви за сите луѓе од Општина Дојран, сите млади луѓе ќе имаат можност да изградат свој сопствен дом. Планираме парцелизација на градежно државно земјиште на околу 300 метри квадрати, со што младите ќе аплицираат и ќе добијат бесплатен плац. Во рамки на проектот предвидено е тие да бидат ослободени од комуналии за градба, а како поддршка од Општината ќе бидат изработени три типски проекти на куќи, вели Стамов.
Тој посочува дека на овој начин Општината им дава поддршка на младите, да работат и да основаат семејство во Дојран.
Ново на Сител
-
Почнува комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година
-
Македонските фудбалери вечерва ја пречекуваат Летонија
-
Борел предложи ЕУ да го прекине политичкиот дијалог со Израел
-
Гувернери на државите во САД создадоа група за да се спротивстават на политиките на Трамп
-
Состојба на патиштата
-
Облачно со повремен дожд, а на планините снег
-
Кандидатите за членови во Советот на Агенцијата за аудиовизуелни медиумски услуги реферираа пред Комисијата за избори и именувања
-
СОС Детско село ја доби Цветиновата награда за мир