ССМ утре избира нов претседател
Сојузот на синдикати на Македонија утре на вонреден конгрес во Охрид треба да го избере новиот претседател.
Сегашниот в.д. претседател Дарко Димовски е единствениот кандидат за иден лидер на ССМ. Одлуката, Димовски да биде кандидат за претседател на ССМ, претходно помина на седници на Советот и на Претседателството на ССМ.
Покрај Димовски, кандидатури за синдикален лидер поднесоа и претседателот на УПОЗ, Пецо Грујовски и претседателот на Македонскиот полициски синдикат Ацо Антовски. Нивните кандидатури не поминаа на седницата на Претседателството на ССМ, според кое, тие не ги исполниле условите за кандидатура.
Претседателот на УПОЗ, Грујовски тврди дека ги исполнува условите и истакнува дека има поддршка од шест, а не од пет гранкови синдикати.
Неизвесно е дали синдикатите што го поддржуваат Грујовски ќе присуствуваат на конгресот.
Од друга страна, како што неодамна објави МИА, претседателот на Европската конфедерација на синдикати Лука Висентини во писмо испратено до ССМ, вели дека постапката за избор на иден лидер на ССМ не ги следи демократските правила, бидејќи доведува до елиминирање на потенцијалните кандидати за функцијата.
Поради тоа, Висентини ја одбил поканата на ССМ да учествува на конгресот.
Ново на Сител
-
Костадиновски - Рокас: Неопходно е да се обезбеди и почитува независноста и самостојноста на Уставниот суд
-
„Сител со својата прослава изврши идентификација на духот на македонскиот народ“, реакција на проф. д-р Јованка Кепеска
-
Предновогодишен концерт на оркестарот на Армијата со музичари од оркестрите на вооружените сили на Франција, Унгарија, Италија и САД
-
TикТок поднесе жалба до Врховниот суд на САД за да избегне забрана во земјата
-
Груби ќе се врати во Македонија само ако оди во куќен притвор наместо затворски
-
На четворица од осомничените за „Лотарија“ одземени пасошите, за Груби и Бајрами ќе се одлучува дали ќе има притвор
-
Хрватска ДИК: Се постари се пријавуваат за кандидати за претседател на државата
-
Групацијата 4iG до АЕК доставила писмо за намери за нов мобилен оператор