ССМ: УО на ЈП Водовод и канализација Скопје го укина решението за раскин на договорите на 93 вработени
Врз основа на укажувањата од страна на единствениот репрезентативен синдикат за комунални дејности Синдикатот СУТКОЗ при ССМ за незаконските активности на Марјан Митовски во својство на в.д директор на ЈП Водовод и канализација Скопје и решенија на Државниот инспекторат за труд и Државниот управен инспекторат за отстранување на незаконските дејствија извршени од него и неговите блиски соработници, Управниот одбор на вчерашната седница ги укина сите незаконски задолженија издадени од негова страна и го укина решението со кое истиот остави на улица многу семејства на работници од скопски водовод.
Ова го објавија од Сојузот на синдикатите на Македонија на нивниот фејсбук профил.
Врз основа на одлуките на Управниот одбор, 93 вработени за кои Митовски лично сметал дека се непотребни да работат во претпријатието, пишува ССМ, ќе бидат вработени согласно предходниот оглас за продолжување на нивните договори за вработување до крајот на 2022 година согласно програмата за вработување во претпријатието.
Укинати се, се наведува, и незаконските задолженија над 30 вработени во претпријатието кои директорот поради лични пресметки и желби, како што стои, незаконски ги распоредуваше за врз нив да се изживува и да омаловажува за негов личен ќеиф.
– Не смее да се дозволи на некадарни и неспособни лица кои свесно кршат законски прописи и одредби од колективни договори да раководат со јавни претпријатија особено не да раководат со ЈП Водовод и канализација Скопје, за потсетување, работници за непочитување на закон добиваат откази. Истовремено, на седницата на Управниот одбор, в.д Директорот Митовски морал да признае дека тој е испраќачот на вибер и меил пораката со која се заканува на сите вработени, дека доколку не бидат послушници на неговите закани, ќе ги изгубат работните места, што е невиден преседан од јавен службеник платен со народни пари, објавија од ССМ.
Од ССМ упатија порака дека Град Скопје и градоначалничката Данела Арсовска мораат веднаш да преземат се за да спречат вакви лица и тоа е нивна законска должност, а во спротивно, предупредуваат од ССМ, ќе бидат директно виновни за шерифското однесување на поединци и ќе сметаме дека се немоќни и уценети од истите поединци и нивните братучеди, а со тоа ќе биде доведен во прашање целокупниот кредибилитет на градот и градоначалникот.
Ново на Сител
-
Од утре автобусите се враќаат на скопските улици – Вонредна седница на Град Скопје
-
Герасимовски: Град Скопје кочи капитални проекти на Општина Центар
-
Тема на денот со Стефан Кирков, ВМРО-ДПМНЕ
-
Вонредна седница на Владата: ЈСП ќе добие нафта од државните резерви
-
Итна седница во советот на Град Скопје
-
Македонскиот јазик е на удар на соседите и со тоа е загрозен пристапниот процес во ЕУ
-
Растат платите, но и трошоците - За една година животот поскап за 13.000 денари
-
Граѓанските организации бараат државата да ги унапреди превентивните здравствени програми и да не крати средства