ССМ не се согласува со Советот на странски инвеститори да се зголеми прво продуктивноста, а потоа платите на работниците
Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Дарко Димовски денеска реагираше на изјавите од Советот на странски инвеститори и Стопанската комора дека прво треба да се зголеми продуктивноста, а потоа и платите на работниците.
Во реакцијата, Димовски посочува дека платите на работниците се ниски и не се одраз на лошото работење на компаниите и ниската продуктивност, туку се одраз на алчноста и жедта на работодавачите за остварување на поголеми лични профити.
– Со години наназад укажуваме дека за висината на платите треба да се разговара и договара со работниците, треба да се потпишуваат колективни договори во кои ќе се регулираат условите за работа и ќе се утврди цената на трудот. Меѓутоа работодавачите останаа глуви. Не им одговараше договор со работниците. Постојано бараат помош од државата. (Подобра бизнис клима: евтина работна сила, пониски даноци, пониски придонеси, евтини кредити, обучена работна сила, субвенционирани плати), се вели во реакцијата.
Димовски смета дека во услови кога трошоците за храна во синдикалната минимална кошница изнесуваат 13.909 денари, постои реална потреба од зголемување на минималната плата барем до висина за покривање на тие трошоци.
Освен зголемување на минималната плата, според Димовски, потребно е итно да се направи и скалесто зголемување на платите на сите позиции.
– Истите тие работодавачи кои постојано бараат помош и субвенции од државата не им дозволуваат на работниците синдикално да се здружат. Затоа им препорачувам на работодавачите да не се плашат и да дозволат синдикално организирање на нивните вработени, за да отпочнеме дијалог и уредување на правата, но и обврските на работниците и работодавачите согласно можностите, во поединечните колективни договори, вели Димовски.
Ново на Сител
-
Од денеска стапува на сила одлуката на Трамп за двојно зголемување на царините за индискиот извоз
-
Трамп: Ќе воведам економски санкции кон Русија доколку Путин не се согласи на прекин на огнот
-
Муцунски за „Политико“: Нема уставни измени, ако не добиеме цврсти гаранции од ЕУ дека тоа ќе биде последното барање од Софија
-
Со вечерна богослужба во манастирот Успение на Пресвета Богородица започнува одбележувањето на големиот христијански празник
-
Лондонската Метрополитен полиција обвини 67 лица за поддршка на забранетата група Палестинска акција
-
Убиено едно лице при тепачка пред казино во Кавадарци
-
ДКСК ќе ја одржи 22. седница
-
Министерот Бесент очекува САД годишно да имаат над 500 милијарди долари приходи од царини