Македонија
7. August 2016 - 20:01

ССК: Компаниите да им помогнат на граѓаните погодени од невремето

Сојузот на стопански комори (ССК) ги повикува сите компании да се вклучат во акцијата за помош на граѓаните погодени од силното невреме што го зафати скопскиот регион.

- Компаниите можат да достават помош за основни потреби и згрижување на граѓаните погодени од невремето во пунктот отворен во канцелариите на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ 1 или преку контакт телефонот 02/3091440 од 09-17 часот, информира ССК.