Српско МНР: Меѓународната заедница итно да го заштити српскиот народ на Косово
„Бараме пријателите и партнерите во меѓународната заедница, како и меѓународните организации кои работат на Косово и Метохија, итно да го заштитат српскиот народ од теророт на властите во Приштина предводени од Албин Курти“, соопшти денеска МНР на Србија.
– Упадот на до заби вооружените припадници на специјалната полиција на Курти во институциите од кои зависи физичкиот опстанок на Србите во четири општини на северот на Косово и Метохија е врв на антисрпската, антицивилизациската и антиевропската политика на Приштина и претставува опасен чекор кон ескалација во најшироки размери, се наведува во соопштението на МНР.
Во него се додава дека „оние кои се на Косово и Метохија според резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на Обединетите нации и се одговорни за безбедноста на сите граѓани на Косово и Метохија, не смеат да бидат неми набљудувачи на теророт што Курти го спроведува, уништувајќи ги шансите за компромисно и мирно решавање на проблемот во јужната српска покраина“.
Белград постојано повикува на мир и дијалог, а Приштина, бидејќи досега не е соодветно санкционирана поради перманетното уништување на дијалогот и насилството врз српскиот народ, прави се за да ја промени ситуацијата на терен до таа мера што дијалогот станува излишен.
-Последен момент е Курти да биде спречен да поттикне нови конфликти на Западен Балкан и да го заокружи планот за етничко чистење, што само во изминатата година и половина резултираше со иселување на 15 проценти од Србите од Косово, како што забележа Меѓународната кризна група, соопштија од МНР.
Од српското МНР заклучија дејка „наместо насилството и самоволието на Курти, итно ни е потребна реафирмација и заживување на дијалогот, бидејќи политиката на Приштина не придонесува за мир и претставува тешки и опасни предизвици за сите одговорни актери во меѓународната заедница, бидејќи тоа е очигледна увертира за хуманитарна катастрофа и многу сериозна дестабилизација на регионот“.
Ново на Сител
-
Мајка на едногодишно девојче меѓу жртвите во пожарот во Кочани
-
Се враќал да извлече повеќе млади но се срушил кровот, Георги зад себе остава двомесечно дете
-
Тошковски: Темелна контрола на објекти со лиценца, но и на оние објекти кои се користат како дискотеки и клубови
-
Студентите во блокада со повик за оддавање почит за жртвите во Кочани во - Крагуевац и Нови Сад
-
За случајот со пожарот во дискотеката во Кочани досега приведени се 18, а задржани 16 лица, информира Тошковски
-
Митрополитот на Брегалничката епархија г. Иларион повика и ги замоли сите граѓани да бидат кротки, смирени, трпеливи во овие тешки мигови
-
Завршена обдукцијата на сите починати во пожарот во Кочани
-
Уапсен 34 годишен кумановец, се заканувал на 28 годишна жена со која се познавале од претходно