Балкан
22. August 2024 - 8:09

Српски медиуми: Директорот на ЦИА е во посета на Белград

По посетата на Сараево, директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) Вилијам Барнс пристигна во Белград.

Нема официјални информации за посетата на Барнс на Србија, ниту пак се знае кои теми се на маса, јавија белградските медиуми.

Поранешниот дипломат и поранешен амбасадор на САД во Русија, а сега клучна фигура во администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден, Вилијам Барнс, ја започна својата „балканска турнеја“ со посета на Босна и Херцеговина.

Барнс пристигна во главниот град Сараево на 20 август, каде што се сретна со колеги од разузнавачката заедница, членови на Претседателството на Босна и Херцеговина, како и со министерот за надворешни работи на таа земја.

Претставник на американската влада потврди за ТВ Н1 Сараево дека разговарале за прашања од заеднички интерес, кои ги вклучуваат територијалниот интегритет и суверенитет на Босна и Херцеговина.

Исто така, тие разговараа за „загрижувачката сецесионистичка реторика и постапки на претседателот на Република Српска, Милорад Додик и Владата на Република Српска“, изјави претходно за ТВ Н1 Сараево претставник на американската влада