-->
-->
Српската полиција приведе 51 илегален мигрант близу границата со Бугарија
-->
Припадници на српската полиција денеска во реонот на општина Бабушница, во близина на границата со Бугарија, приведоа 51 илегален мигрант и уапсија уште две лица државјани на Србија, осомничени за криумчарење на луѓе, јави Танјуг.
Како што соопшти српската полиција, мигрантите биле пронајдени во две комбија во близина на селото Звонци.
Оосмничените кримучари на луѓе, на возраст од 35 и 29 години, кои се жители на Белград, се изведени пред јавен обвинител во Пирот, додека илегалните мигранти, чија националност не е соопштена, се префрлени во мигрантски прифатен центар.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Илјадници верници во Ватикан чекаат „бел чад“
-
Литија со моштите на Свети Георгиј ја освети Струга
-
Тема на денот со Александар Николоски, министер за транспорт и вице премиер
-
Првиот приватен универзитет во Македонија АУЕ–ФОН одбележува 22 години од основањето
-
Милановиќ: Македонија не смее да биде жртва на уцени за членство во ЕУ
-
Мицкоски: Не смееме да заборавиме – криминалците се шетаа слободно, денеска законот важи за сите
-
„Најголема енергетска инвестиција во последните 10 години“ - Почнува изградбата на интерконекторот со Грција
-
Таравари со една нога надвор од Владата