Средното уметничко училиште целосно со онлајн-настава поради заразени наставници и ученици
– Средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“ во Скопје од понеделникот е затворено за практична настава за учениците превентивно за да се спречи натамошно ширење на заразата со КОВИД-19 зашто шест наставници и пет ученици се инфицирани и имаат решенија за изолација, а уште 20 ученици се во самоизолација поради контакт со заразените, потврди за МИА директорот на училиштето Филип Фидановски. Според неговата одлука, наставата за учениците во целост ќе биде онлајн до 2 април, а не исклучува можност да трае и понатаму до завршување на овој нов бран на вирусот.
Професори од училиштето со допис до медиумите реагираа дека директорот со „самоволна, неоправдана и притивзаконска“ одлука го затворил за настава училиштето ДСУЛУД „Лазар Личеноски“ кое, како и средното музичко училиште, има дозвола за настава со физичко присуство за практичниот дел.
Фидановски ги отфрли нивните обвинувања и изјави дека мерката е превентивна зашто се заразени шест наставници и пет ученици, како и 20 други во самоизолација, и дека не се работи за затворање на училиштето туку наставата ќе продолжи онлајн за учениците, а наставниците кои не се заразени ќе предаваат од работното место.
– Одлуката е донесена превентивно и само за да нема понатамошно ширење на вирусот од деца на професори. Училиштето си работи, професорите кои не се во изолација доаѓаат на работа, држат часови од училиште. Одлуката е само за учениците да не доаѓаат за да нема ширење со оглед на ситуацијата во целата држава. Имаме присуство на деца кои го пренесуваат вирусот и тоа може да придонесе за ширење во овој бран. Што ако се разболат сите професори, тогаш кој ќе предава?, изјави Фидановски за МИА.
Одлуката е донесена, рече, согласно со член 92 од Законот за средно образование, според која директорот е тој којшто ја организира наставата во училиштето, додавајќи дека проценил оти е подобро да преминат во целост онлајн отколку да се разболат сите во училиштето, а се консултирал и со епидемиолог.
Во ДСУЛУД „Лазар Личеноски“ општообразовната настава се организираше онлајн, а за практичната учениците секој ден одеа во училиште според распоред на часови. Училиштето има околу 290 ученици и 37 професори.
Ново на Сител
-
Директорот Бурим Љатифи го пушти во работа новиот трансформатор во ТС Битола 2: Клучен чекор за енергетска стабилност
-
Трудо поднесе оставка како лидер на партијата, но ќе остане премиер додека партијата не избере негов наследник
-
Откажани 1.339 летови низ САД поради невремето кое донесе обилен снег
-
ЗНМ: Запалено возило на новинарка
-
Сиљановска-Давкова: Божиќ е симбол на животот, љубовта, почитта и солидарноста
-
Опожарени четири автомобили во пожар во автосервис во Сарај
-
Малолетник завршил со повреди, откако со другар влегле во двор во скопско Студеничани и одврзале куче кое ги нападнало
-
Честитка од Минчев по повод Бадник: Солидарноста и поддршката се темел на нашето општество