Средби на Заев во Белград со нерезидентните амбасадори и со Шутановац
Премиерот на Република Македонија Зоран Заев кој е во официјална посета на Србија, денеска оствари средба и со нерезидентните амбасадори што ја покриваат Македонија од Белград пред кои ја презентираше имплементацијата на реформските процеси од Планот 3-6-9, а информираше и за приоритетите од овие проекти од кои се очекува нова динамика на евро-атлантските аспирации на Македонија.
Амбасадорите од Австралија, Финска, Канада, Данска, Португалија, Мексико и на Ангола, како и замениците амбасадори на Норвешкаи Белорусија, беа запознаени за иницијативите на Македонија за градење добрососедски односи и во тој контекст премиерот Заев ги пренесе позитивните искуства од потишаниот договор за добрососедство со Бугарија. Македонскиот премиер ги запозна дипломатите и со реафирмацоијата на разговорите со Грција.
-За ова прашање, како и за прашањата од стратешки интерес на Македонија, интензивираме процес со кој сакаме да постигнеме консензус со сите политички фактори во земјата, вклучувајќи ја и опозицијата, истакна премиерот Заев на средбата со нерезидентните амбасадори.
На крајот од посетат премиерот Заев се средтна и со Драган Шутановац лидерот на опозиционата Демократска странка, која е сестринска партија на СДСМ во Европскиот парламент и со која од порано имаат развиено соработка.
Претходно премиерот Заев оствари средба и со македонските здруженија во Србија на кои им предаде книги и литература на македонаки јазик наменети за учениците од основните училишта во Србија, кои го изучуваат македонски јазик. Книгите се обезбедени на барање на Македонскиот Национален Совет на македонските национални заедници во Србија.
Во составот на македонската делегација беа и министрите за внатрешни работи и за информаточко општество Оливер Спасовски и Дамјан Манчевски.
Ново на Сител
-
Измамници праќале лажни пораки во име на ФЗО – Државата подготвува Закон за сајбер безбедност
-
Почина Владиката Тимотеј
-
Преглед на вестите од светот
-
Изјавата на Кешишев нема да го смени обвинението - има цврсти докази дека Палчо ги убил Вања и Панче
-
Мицкоски задоволен од договорот со банките-компаниите добиваат историски најниска каматна стапка
-
Нова детска градинка во Кисела Вода
-
Преглед на вестите од светот
-
Избран новиот централен одбор на СДСМ, Филипче најавува враќање на победничките патеки