Средби на Николовски во рамки на конференцијата „Еден Балкан кон ЕУ”
Во рамките на Регионалната Конференција “Еден Балкан кон ЕУ” којашто се одржува во Скопје, генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски и сектератот за меѓународна соработка, Бојан Маричиќ, остварија средби со претставници на социјлдемократските, демократските и либералните патии во Европа и регионот.
Меѓународниот секретар на шведската социјалдемократска партија, Јохан Хасел и европратеникот Евин Инсир ги поздравија прогресивните реформи на Владата предводена од Социјалдемократскиот сојуз и порачаа дека СДСМ треба да биде пример за демократските и либералните партии во регионот од којшто треба да учат.
Доколку сите се стремиме кон Европската унија, тогаш треба да се знае дека се потребни храбри одлуки и храбри лидери, рече Хасел.
Европратениците Тонино Пицула и Тања Фајон изразија задоволство од работата на СДСМ, и рекоа дека ја имаат нивната целосната поддршка. Европратениците го поздравија и изборниот модел 50 – 50 со којшто 50 проценти на изборните листи на СДСМ ќе бидат жени.
Пицула и Фајон веруваат дека земјата е на вистинскиот пат и ги пофалија реформите и мерките коишто се однесуваат на повисоки плати, социјална помош и другите коишто значително го подобуваат животото на граѓаните.
Николовски и Маричиќ остварија средба и со Саша Магазиновиќ од Социјалдемократската партија на Босна и Херцеговина со кој го споделија искуството за патот кон Европската Унија. Магазиновиќ истакна дека позитивниот одговор од ЕУ, односно добивањето датум за почеток на преговорите, ќе го врати општимизот и кај земјите во регионот кои не се членки на ЕУ и ќе биде мотив да работат напорно на реформите.
Европратеникот Ранко Остојиќ, на средбата со Николовски и Маричиќ, го сподели искуството на Хрватска по добивањето датум за преговори. Тој смета дека Република Македонија чекори храбро кон ЕУ, пред се поради бројните реформи коишто ги направи.
Драгослав Шумарац, потпретседател на на Демократската партија на Србија кажа дека Социјалдемократскиот сојуз е светол пример во регионот и го поздрави патот по којшто се движи СДСМ.
Николовски им за заблагодари на сите за нивното присуство на регионалната конференција како и за поддршката што Социјалдемократскиот сојуз ја добива низ годините.
Ново на Сител
-
Македонските кикбоксери се враќаат со 5 европски злата, 2 сребра и 10 бронзи
-
Наполи нема победа четири натпревари по ред, Интер нов лидер во Серија А
-
Доминација на Норвешка на машкиот биатлон на последниот ден од СП
-
Фридрих Мерц триумфира на германските избори, подготвен за формирање влада
-
„Да се обединиме за победа“ – масовен протест за Украина во Париз
-
АфД по историскиот резултат: Подготвени сме да коалицираме за формирање влада
-
Излезни анкети: Конзервативците победници на германските избори – Мерц на пат да стане канцелар
-
Вонреден инспекциски надзор на реонот Смилковско Езеро и во Општина Сарај